-->
-->
Влада на РМ: Не е луксузирање набавката на возила, направени се заштеди
-->
Владата соопшти дека постапката за набавка на нови 45 возила, преку оперативен лизинг или деловен закуп, се одвивала јавно и оти без ниту еден дополнителен трошок државата месечно ќе заштеди повеќе од 700 евра по возило, во споредба со цената на автомобилите набавени во 2015-та и во 2012-та година.
- Тендерот, на којшто имаа право да се пријават сите заинтересирани автомобилски компании, беше отворен месец и половина. Исто така, по завршување на рокот, фирмите имаа можност во период од пет дена да поднесуваат приговори и забелешки за целокупната, соопшти вечерва владината прес-служба.
Како што наведува, се прави набавка на нови возила затоа што во септември годинава истекува тригодишниот договор за изнајмување моторни возила по пат на оперативен лизинг, склучен на 9 сепетмрви 2015 година.
- Преку оперативниот лизинг и преку условите на оваа набавка, се намалува висината на месечните рати, се избегнуваат дополнителни трошоци за одржување и се обезбедува сериозна заштеда во буџетот. Имено, сега месечната рата за едно возило е помала за 1.200 денари или вкупна заштеда од над 700 евра по возило, во споредба со набавките на возила во 2015 и 2012 година, кога за еден автомобил државата месечно плаќала по 68.738 денари, наведено е во соопштението.
Според Владата, со набавката се избегнува каков било дополнителен трошок за одржување на возилата, а спецификацијата за возилата којашто била наведена во тендерот е идентична со спецификацијата во претходните две такви јавни набавки, во 2015-та и во 2012 година.
- Потенцираме дека не станува збор за луксузирање, туку за исполнување минимум безбедносни стандарди коишто треба да ги има секое возило и кои беа обезбедувани и во претходните години. Разликата во цената е дотолку поголема, имајќи предвид дека сега се набавуваат возила понови за три односно за шест години, кои имаат и дополнителна опрема, соопшти владината прес-служба.
Оттаму наведуваат дека право на користење на патничко моторно возило, меѓу другите, имаат и претседателите на државата, на Собранието и на Владата, поранешните претседатели на државата и на Владата, потпретседателите на Собранието, вицепремиерите и министрите во Владата. Дел од возилата, како што пишува во соопштението, ќе се користат и за превоз при протоколарни и репрезентативни потреби, како и за извршување службени работи за министерствата, секретаријатите и другите органи на државна управа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник