Влада на РМ: Директна помош од 70 милиони денари за Железницата
На последната седница на Владата на Република Македонија донесена е одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво директна помош за оперативното работење на Железницата, соопштија денеска од Владата на РМ.
Со овие средства дополнително се зголемува финансиска помош која на месечно ниво директно се исплаќа на МЖ Транспорт.
Со одлуката се овозможува да се подобри состојбата која изминатиот период се случува во Железницата и да се помогне во деблокада на целокупниот железнички систем во земјата.
Во насока на надминување на целокупната состојба, Владата на Република Македонија во рамки на важечките закони ќе ги исплати овие дополнителни 70 милиони денари се со цел да се разреши состојбата со блокадата од страна на вработените. Имено според законските прописи во Република Македонија, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот на Република Македонија.
Во заложба на разрешување на целата состојба, упатуваме апел до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.
Во овој момент потребно е итно да се создадат услови за функционирање на железничкиот сообраќај за да може во рамките на законот да започне да се исплаќа државната помош кон Железница.
Министерството за транспорт и врски во насока на разрешување на целата состојба ќе продолжи со исплата на средства на име трансфери и субвенции кон Железница, но само во рамки на законските прописи и под услови за кои вработените мора да ги извршуваат работните обрвски кон претрпијатието.
Во случај на продолжување на протестот на дел од вработените, ќе се доведе во прашање исплатата на плати за сите вработени во Железницата, а со тоа и на целокупното работење на претпријатието и само на штета на претпријатието.
Ново на Сител
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице