Влада на Косово: Курти знаеше дека се планира атентат врз него
Владата на Косово потврди дека имала информации оти минатата година бил планиран атентат врз премиерот Албин Курти и уште двајца други косовски функционери, за што денеска објави вест албанскиот медиум „А2Њуз“ („A2News“), јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението доставено до медиумите, службата за информирање на косовската Влада наведува дека за подготовките за атентатот Курти бил известен од Агенцијата за разузнавање на Косово, но дека „случајот не е објавен со цел да не се создава паника“.
– Премиерот на Република Косово, Албин Курти беше информиран за овој случај од Агенцијата за разузнавање. Безбедносните институции ги презедоа сите мерки за спречување на тоа дејство. Случајот не е објавен со цел да не се создава паника, се вели во соопштението. „А2Њуз“ информира, а медиумите во Приштина пренесоа, дека е објавен документ од страна на ирански хакери, кои велат дека бил украден од документацијата на поранешниот генерален директор на Полицијата на Албанија, Гледис Нано.
Во документот се вели дека пред една година Антитерористичкиот оддел на косовската полиција открила план за убиство на премиерот Курти, а подоцна и на поранешниот шеф на Службата за разузнавање, Исмет Хаџа и на пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово, Џавит Халити. Според документот, атентатите требало да го изврши албанскиот државјанин Прек Кодра, за кого се вели дека има „добри снајперистички способности“ и дека е осомничен за неколку убиства во Косово и Црна Гора.
По Кодра, за кого има информации дека живее во Скадар, а дејствува во Тропоја во Албанија и во Урошевац и Дечане во Косово, албанската полиција распишала потерница во 2016 година, поради сомневања за убиство и неовластено поседување оружје. Повеќе државни институции во Албанија во последно време беа цел на кибернапади од страна на, како што се воспостави, ирански владини структури, поради што на 7 овој месец владата на Еди Рама го протера целиот персонал на амбасадата на Иран во Тирана.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки