Свет
26. March 2020 - 10:29

Вкупно 81 земјотрес регистрирани во близина на Курилски Острови

 Серија земјотреси се регистрирани во близина на Курилските Острови во Тихи Океан.

Од два часот утрово според московско време регистирани се вкупно 81 земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени вчера е регистриран на Курилските Острови.

Поради земјотресите издадено е предупредување од појава на цунами во северниот дел на Курилски Острови и околу 400 локални жители се евакуирани.