Вкупно 736 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден, 109 за брзо возење
Полициските службеници вчера издале вкупно 736 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Како што информира денеска МВР, во рамки на овој број, а по основа на неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, биле регистрирани 219, односно 109 прекршоци. За возење без возачка дозвола регистрирани биле 76 возачи, 53 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, петмина за неносење на заштитна кацига, а пак 16 за користење на мобилен телефон при возење.
Според статистичките показатели, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во 11 случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и седум пешаци.
По основ пак на Законот за возила, 56 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 40 заради техничка неисправност, а 16 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти