Вкупно 662 лица конкурираа за мерката Млад земјоделец
Заврши рокот за аплицирање за неповратни 10.000 евра финансиска поддршка за млади земјоделци за почнување земјоделска дејност. Според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), за мерката конкурирале 662 лица.
Како што соопшти Министерството за змејоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), пристигнатите апликации веќе се разгледуваат, за да се утврди дали ги исполнуваат пропишаните услови во огласот, а до почетокот на октомври се очекува евалуацијата да заврши. Потоа, на апликантите кои ги исполниле условите, АФПЗРР ќе им издаде решение, по што следува склучување договор за финансиска поддршка.
Оние апликанти кои не исполниле пропишаните услови, ќе добијат решение дека се одбиени со образложение на причините.
Апликантите кои ќе бидат корисници на мерката, откако ќе го склучат договорот треба да почнат со извршување на инвестициите согласно нивниот деловен план. АФПЗРР ќе врши редовни контроли, колку реализираното на терен е во согласност со понудениот бизнис-план на апликантот.
По извршување на инвестицијата апликантот е должен до АФПЗРР да достави барање за исплата, по што се рефундираат финансиските средства кој апликантот ги потрошил за инвестицијата. Исплатата на неповратните 10.000 евра се очекува да биде завршена до крајот на 2017 година.
- Евалуацијата, но и доделувањето парични средства ќе се одвива отчетно, професионално и неселективно, потенцира МЗШВ.
Оваа мерка постоеше и претходно, но со критериум „прв дојден прв услужен“.
- Со измените на Програмата за рурален развој што ги донесе Владата, се воведоа нови критериуми за подобност, со што парите ќе завршат кај вистинските земјоделци. Со мерката им се излегува во пресрет на младите земјоделци кои имаат желба да се занимаваат со земјоделство. Ќе се овоможи развој на руралните средини, вработување преку отворање соствен бизнис на младите луѓе, внесување нови и модерни технологии што крајно ќе резултира со зголемено земјоделско производство, стои во соопштението од Министерството.
Воедно се додава дека младите земјоделци ќе бидат во фокусот на креирањето на понатамошните политики на Министерството преку зголемување на финансиската поддршка за оваа категорија.
- Ова е само една од низата мерки на Владата со кои се помага домашното стопанство и кои ќе придонесат за унапредување на земјоделството, наведува МЗШВ.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни