Вкупно 65 часа по земјотресот во Турција од под урнатините во Измир извлечено тригодишно девојче
Повредено тригодишно девојче денеска е спасено од под урнатините предизвикани од силниот земјотрес што го погоди турскиот егејски брег, јави агенцијата Анадолија.
Девојчето по име Елиф Перинчек е извадена од под урнатините речиси 65 часа по земјотресот во подрачјето Бајракли во западната област Измир.
Елиф е 106 лице кое е спасено од под урнатините и однесено во болница.
Шефот на Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД), Мехмет Ѓулуоглу, изрази задоволство поради спасувањето на малото девојче.
Мајката на Елиф, Сехер Дерели Перинчек, нејзините 10-годишни братче и сестричка близнаци Езел и Елзем Перинчек, како и нејзиното седумгодишно братче Умут Перинчек, беа спасени од урнатините 23 часа по земјотресот. Сепак, Умут го загуби својот живот, додека нејзината мајка и братчето и сестричката се на лекување.
Турција е меѓу најактивните сеизмички зони во светот бидејќи се наоѓа на неколку активни линии на раседи. И во минатото претрпе разорни земјотреси, потсетува Анадолија.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан