Македонија
16. August 2024 - 9:14

Вкупно 53 пожари на отворено вчера, 12 сѐ уште активни

 Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од нив во моментов, 12 сѐ уште се активни, шест се под контрола, а 35 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, три од активните пожари се на територија на општина Македонски Брод. По два се водат како активни во општините Кичево и Чашка. Огнените јазици се активни и во регионот на општините Дебар, Долнени, Новаци, Пласница, Ресен.

Од оние пожари под контрола, првиот е во општина Демир Хисар, на Илинска - Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, каде опожарена била ниска вегетација. Вториот е во општина Битола, на територија на село Острец, каде опожарени биле сува трева и густа мешана шума. Мешана шума била опожарена и во пехчевското село Негрово, како и на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше. Под контрола е ставен и пожарот на депонијата во општина Делчево. Букова шума горела меѓу селата Болно и Илино во ресенскиот регион. 

Ново на Сител