Македонија
17. April 2021 - 10:48

Вкупно 30 лица го прекршиле полицискиот час

 

Од 20.00 часот (16.04.2021) до 05.00 часот (17.04.2021) констатирано е дека 30 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 494 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.