Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 ДКП-а, најголем број во Венеција, Љубљана и Париз
Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на претстојните претседателски избори, од нив најголем број ќе го исполнат гласачкото право во Венеција 290, во Љубљана 215 и во Париз 123 лица.
Како што објави Државната изборна комисија, од вкупно пријавените 1.841 граѓанин кои се пријавиле да гласаат за изборите во ДКП-а во законски предвидениот рок, 1.835 лица ги исполниле законските услови за остварување на своето гласачко право.
Воедно, во 15 ДКП-а и конзуларни канцеларии на државата во странство (Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Нзу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана) се прифатени помалку од 10 граѓани, поради што, согласно член 165 став 3 од Изборниот законик за вкупно пријавените 54 лица не постојат законски можности гласањето да се спроведе бидејќи во нив нема да се испраќаат избирачки одбори.
Овие лица своето право на глас ќе можат да го остварат на избирачките места на кои се распоредени во Република Северна Македонија, за што ДИК ја задолжи Стручната служба да ги извести.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО