Македонија
28. November 2015 - 14:58

Вкупно 1,2 милиона денари за новогодишно украсување на Кавадарци

Општина Кавадарци почна со новогодишното украсување на централното градско подрачје.

Освен градскиот плоштад каде ќе се постави централна елка, со новогодишни светилки ќе бидат украсени и  стариот кружен тек и улицата „Илинденска“ во делот на БИТ зоната.

Новогодишни украси ќе се постават и на улицата „Тиквешко Востание“ до првиот триаголник, како и на улицата „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ до спојот со „Пано Мударов“.

Со новогодишни светлечки украси ќе се уреди и „7 Септември“, до мостот кај „Јаворот“.

- За оваа намена општината од оперативниот Буџет годинава одвојува 1.200.000 денари, трипати повеќе од претходните години кога се инвестираа по 300.000 денари, информираат од локалната самоуправа.

Новина е тоа што за разлика од претходните години кога Општината сама набавуваше новогодишни светлечки украси кои потоа неславно завршуваа, годинава првпат прку јавна набавка е одбрана фирма од која ќе се изнајмат светлечки украси. Станува збор за специјализирана фирма за вакви работи од Скопје која има обврска до 10 декември 2015 година да ги украси наведените јавно прометни површни, а во периодот од 20 до 30 јануари 2016 година да ја острани украсната и светлосната декорација.