Вклучена централната елка на плоштадот „Македонија“
Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, синоќа беше вклучена централната елка поставена на Плоштадот „Македонија“.
Централната новогодишна елка е висока 21 метар, осветлена е со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и светлосен тунел.
Град Скопје традиционално и годинава го реализира Проектот за новогодишно украсување и декорирање кој е во тек и треба да му даде празничен лик на градот. Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и повеќе булевари, улици, помали плоштади и паркови, како и дел од Старата чаршија.
Декорирањето го реализира фирмата Линк Медија, чија понуда е избрана за најповолна на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.
Ново на Сител
-
Македонката Наташа Соврановски која исчезна во Германија е пронајдена мртва
-
АХВ: Спроведени вонредни контроли и во Кавадарци
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
-
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна
-
Знаци што телото ги праќа ако се внесува премногу додаден шеќер
-
Австралијката МекКион постави светски рекорд на 100 метри грбно
-
Трет пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони
-
Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи