Визуелниот уметник Иван Ивановски на резиденција во Флер, Долна Нормандија
Македонскиот визуелен уметник Иван Ивановски до 20 октомври ќе оствари 15-дневна резиденција во градот Флер во францускиот регион Долна Нормандија. Таму ќе работи на уметничка инсталација во простор, со наслов „Напуштен/и град/ови”. На крајот на резиденцијата авторот ќе го претстави своето дело пред тамошната уметничка заедница.
Уметничката резиденција се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, уметничката асоцијација 2angles и регионот Долна Нормандија.
Отворениот повик за резиденцијален престој го организира Центарот „Локомотива-Скопје“, кој соопшти дека Ивановски бил селектиран од 10-те пријавени уметници, од страна на жирито во состав: Биљана Тануровска-Ќулавковски, Виолета Качакова, Јане Чаловски (Македонија) и Жером Летинтурие (одговрен за визуелни уметности) и членовите на Административниот одбор на уметничката асоцијација 2angles.
„Локомотива“ од 2013 година активно ја води програмата за уметничка размена како дел од програмата за децентрализирана соработка. Таа овозможува резиденции на француски уметници и уметнички групи во Македонија, резиденции на македонски уметници во Долна Нормандија, како и соработка со и помеѓу македонски и француски културни институции.
Во рамки на оваа програма, „Локомотива“ оствари партнерство со уметничката асоцијација 2angles од градот Флер во Долна Нормандија, која понудила двонеделна резиденција за македонски визуелен уметник.
- Со површина од 400 метри квадратни, оваа асоцијација располага со три изложбени простори, резиденцијални студија за уметници, центар за документација и студио за изведбени уметности. Таа е отворен простор за креација кој им нуди можност на уметниците за работа, развој на дела, средби и размена, соопшти „Локомотива“.
Во рамки на програмата за уметничка размена од 2013 година до сега „Локомотива“ има организирано резиденции на двајца визуелни уметници (Алексис Дебеуф и Флер Улин) и една изведувачка група од Долна Нормадија во Македонија; резиденции на македонските режисери и драматурзи Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќијевиќ, Нела Витошевиќ, Горјан Милошевки и Мартин Кочовски во Долна Нормандија во „Панта театарот“ и поставување три македонски драми на сцената на театарот; и резиденција на француските режисер Гиј Деламот и авторка Сабин Ревије во Македонскиот народен театар и поставување на француска драма на сцената на театарот.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре