„Визер“ со прв лет од Лондон до Белград по пандемијата
„Виз ер“ денес воспостави лет од Лондон до Белград, што е прв комерцијален лет на патниците на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ по запирањето на летовите на 19 март, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесува Танјуг.
Авионот на „Виз ер“ А320-200, кој полетал од лондонски Лутон, ќе слета во Белград со првите патници околу 11:45 часот.
Авионот е предвидено да се тргне назад за Лондон во 12:30 часот.
Врз основа на системот за резервација, може да се види дека следниот лет за Лондон се очекува дури на 1 јуни, како и дека авиокомпанијата планира да лета четири пати неделно на таа рута, објавено е на порталот „Плејтравел“.
„Виз ер“ планира да ги обнови другите линии на почетокот на јуни, од 1 јуни се очекуваат летови од Белград до Базел (три пати неделно), Малме (четири пати неделно), Стокхолм (двапати неделно), Меминген (три пати неделно), Ајндховен и Малта (четири пати неделно).
Комерцијалните летови на „Ер Србија“ ќе започнат на 21 мај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот