-->
-->
Виз Ер Скопски маратон го исполува ветувањето
-->
Оваа трка е дел од европската недела на спортот под мотото #beactive. Трка, која ја става Македонија на мапата заедно со 34 земји, кои организираат вкупно 116 трки од ваков или сличен карактер. Но и трка која им ја посветуваме на редовните учесници на Виз Ер Скопскиот Маратон, кој за жал, оваа година, не се одржа. За таа цел ги поканувам сите кои се во можност и сакаат да трчаат, да дојдат во недела во 8 часот на загревање, а потоа во 9 часот на улицата Димитрие Чуповски (во близина на Рекорд) и да застанат на стартната линија за заедно да ги истрчаме петте километри низ улиците на Скопје.
Директорот на Виз Ер Скопски Маратон Кире Синадиновски нагласи дека за оваа трка ќе нема пријавување, ниту пак ќе се наплаќа страртување. Ќе биде од отворен карактер, ревијална, без победници и ќе биде нова можност за дружење и уживање во трчањето на градските улици во Скопје.
- Оваа трка е дел од европската недела на спортот под мотото #beactive. Трка, која ја става Македонија на мапата заедно со 34 земји, кои организираат вкупно 116 трки од ваков или сличен карактер. Но и трка која им ја посветуваме на редовните учесници на Виз Ер Скопскиот Маратон, кој за жал, оваа година, не се одржа. За таа цел ги поканувам сите кои се во можност и сакаат да трчаат, да дојдат во недела во 8:30 часот на загревање, а потоа во 9 часот на улицата Димитрие Чуповски ( во близина на Рекорд) и да застанат на стартната линија за заедно да ги истрчаме петте километри низ улиците на Скопје. А пак, сите што сте во можност, дојдете со маиците и стартните броеви за да покажеме дека Виз Ер Скопски Маратон ќе продолжи да пулсира со срцето на градот и сите негови поддржувачи – изјави на денешната прес конференција Синадиновски.
На прес конференцијата се обрати претседателот на Сојузот на Спортови на Град Скопје, г-динот Ѓорги Кузмановски кој истакна дека оваа е трка која ја посветуваат на сите љубители на трчањето.
- Единствената причина поради која оваа година Виз Ер Скопски Маратон не се оддржа, беа немилите настани во Куманово. Од тој ден, па се до денес, ние како организатори чувствувавме обврска да им се оддолжиме на сите љубители на оваа спортска дисциплина кои беа пријавени на маратонот. За таа цел, ја организираме пет километарската ревијална трка, која ќе се одржи во недела во 9 часот и која ќе го разубави Скопје со сите учесници. Како и секогаш, целата оваа организација немаше да се реализира доколку ја немавме безрезервната поддршка од нашите покровители: Градот Скопје, Канцеларијата на ЕУ во Македонија и МВР на кои им се заблагодаруваме – истакна г-динот Кузмановски
Патеката по која ќе се трча оваа ревијална трка, ќе биде истата предвидена за пет километарската трка од регуларниот годишен маратон. Ќе се стартува во центарот на Скопје, на улицата Димитрие Чуповски, а ќе се продолжи кон булеварот Климент Охридски, булеварот Илинден, улицата Франклин Рузвелт и преку улицата Теодосиј Гологанов ќе се пристигне кон целта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица
-
ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
-
Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки
-
Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода
-
Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир
-
Комеморација за писателката Оливера Николова
-
Мицкоски оптимист за иднината на земјава во ЕУ, од Брисел порака дека европскиот пат зависи од уставните измени
-
Презентација на Реформската агенда на Владата (2024-2027) во Собрание