„Виз Ер“ ја продолжи суспензијата на летови
Нискобуџетниот превозник „Wizz Air“ ја продолжи суспензијата за своите летови на повеќето пазари во балканските земји, како последица од пандемијата од коронавирусот. Превозникот, кој првично планираше повторно да ги обнови услугите во регионот на 1 мај, сега ги одложи повеќето летови до средината на мај или почетокот на јуни.
– „Wizz Air“ искрено се извинува поради нарушувањата кои забраната за патувања би можела да им ги донесе на клиентите и уверува дека безбедноста и благосостојбата на патниците и екипажот се главен приоритет на авиокомпанијата – се вели во соопштението на компанијата.
Авиокомпанијата останува убедена во перспективите за раст по кризата и соопшти дека „целосно очекува да ги одржи своите планови за раст на капацитетот во просек од 15 проценти годишно“.
Претходно компанијата соопшти дека патниците кои имаат резервирани билети, а се погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на „wizzair.com“ или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.
120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на „Wizz“ сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Wizz Air“.
Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.
Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата.
Ново на Сител
-
Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви
-
Герасимовски: Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во Центар
-
Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
-
Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик