Висинатa нa минимaлната платa oстанува oтворено прашање, се чека седница на ЕСС
Економско-социјалниот совет до крајот на месецов треба да одржи седница на која би се разговарало за минималната плата и за колку таа би била зголемена. Според законското решение, зголемувањето би било околу 1.800 денари, а Сојузот на синдикати бара зголемување за 6.000 денари со оглед на трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, една година да ги субвенционира Владата. Од Владата остануваат на ставот дека се согласуваат со решение што ќе го договорат работниците и работодавачите, но велат дека во Буџетот не се предвидени средства за оваа намена.
Од Министерството за економија велат дека мора прво Комисијата за репрезентативност да ја утврди репрезентативноста на синдикатите, а потоа да се закаже седница на Економско-социјалниот совет. Комисијата за репрезентативност беше формирана во вторникот и од неа се очекува да закаже седница за да ја утврди репрезентативноста.
Во Министерството за економија денеска се одржа средбата со претставници на новоформираната Стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пиј
Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека седница на Економско-социјалниот совет би можела да се одржи во втората половина од месецов, повторувајќи го притоа ставот дека како Влада ќе поддржат решение за минималната плата што ќе го договорат работниците и работодавачите.
- Секој оној договор што тие ќе го постигнат, ние како Влада ќе го поддржиме. Предлогот, којшто го слушнав од еден од претставниците на работниците, конкретно претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија се разликува од оној предлог од пред неколку месеци, кога оваа Влада беше избрана како Влада. Не почекаа ниту една недела да биде избрана излегоа со предлогот 400 евра минимална плата. Сега кога видоа дека законски ќе дојдеме до 400 евра се бара минимална плата од 500 евра. Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1.000, можеби треба 2.000 и тука немам никаква дилема. Јас апсолутно сум работник, како и сите други работници и сакам сите ние да имаме поголеми плати, рече Мицкоски.
Според Сојузот на синдикати на Македонија, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Велат растот на цените е огромен и апелираат да почнат да се применуваат колективните договори со цел паралелно да растат и останатите плати.
ССМ од медиумите разбрала дека Владата ја формирала Комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатот. Очекува во најскоро време да се состане, да ги покани и да ги разгледа
Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов вчера рече дека работниците очекуваа Владата да испорача брзи, ефективни и ефикасни решенија за зачувување и унапредување на животниот стандард.
- Сеирџии не ни требаат, ни требаат партнери што ќе седнат со нас на маса и ќе разговараат за овие битни прашања, не ни трабаат луѓе кои само ќе не ислушаат, не ни требаат психијатри, туку луѓе кои ќе одлучуваат и кои ќе застант цврсто на тоа што ќе го одлучат во интерес на работниците. Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Ако едниот од партнерите во трипартитниот дијалог се изземе од процесот на демократија, очигледно смета дека не треба да има демократски процеси по одредени прашања во државата, рече Трендафилов.
ССМ очекува во најбрзо време Комисијата за репрезентативност да се состане и да ги разгледа нивните документи со што ќе биде потврдена репрезентативноста.
- Чекаме да излезе решението во Службен весник и да добиеме покана на која ќе ги образложиме списоците што ги имаме доставено до надлежното Министерство уште во декември минатата година. Нашите очекувања се дека овој позитивен сигнал што го направи Владата ќе резултира со брза и ефикасна работа на Комисијата која ќе овозможи донесување решенија за утврдување репрезентатиувност на ниво на територија за да може да се откочат трипартитните економско-социјални тела како Комисијата и ЕСС, за да може да се заокружи целиот процес особено со потребата од растот на минималната плата, но и да се откочи процесот на колективните преговарања и договарања, како и склучувањето на колективните договорои преку доделување репрезентативност во јавен и приватен сектор, а се разбира и на гранските синдикати, истакна Трендафилов.
Предлогот на ССМ е минималната плата да изнесува 30.000 денари, а работодавачите една година да бидат ослободени од плаќање на социјалните придонеси, односно нив да ги субвенционира државата. Доколку не се зголемат платите, ССМ најавува протести.
Во март треба да се изврши усогласување на минималната плата според утврдената методологија - 50 проценти од порастот на просечната нето плата за претходната година и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците на живот објавени од Државниот завод за статистика. Според овие пресметки, минималната плата од март би требало да биде зголемена за околу 1.800 денари или да изнесува 24.400 денари, односно 400 евра.
Државниот завод за статистика во февруари измери дека трошоците на животот во февруари во однос на јануари се зголемени за 0,5 проценти и дека зголемување има кај храната и пијалоците за 1,4 проценти, мебелот и покуќнината за 0,6 проценти, домувањето за 0,5 проценти... Во однос на февруари лани, трошоците на живот се зголемени за пет проценти, а цените на мало за 4,2 проценти.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите