Вишокот на храна ќе се распределува со закон
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна.
Според информацијата, како што соопшти владината прес-служба, министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање корисници на храната што ќе биде донирана, односно определување критериуми кои треба да ги исполнуваат корисниците на храна која ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.
Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до 5 август до Владата да го достави Нацрт-законот за донирање на вишокот на храна.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба