-->
-->
„Винтер класик“ за Монтреал
-->

Хокеарите на Монтреал славеа над Бостон со 5:1 во спекталот на речен NHL Winter Clasico, кој го следеа 67.246 гледачи. Натпреварот се одигра на стадионот Фоксбору, во предградието на Бостон, место каде своите натпревари како домаќини ги играат шампионите во американски фудбал Њу Ингланд.
Бостон и Монтреал ја продолжија традицијата која започна во 2008 година, првиот натпревар во NHL лигата да биде одигран на отворено, на стадионите на кои се игра американски фудбал и бејзбол.
Гостите се многу поуспешни на овои нетапревари, триумфот на Монтреал беше шести за гостинските тимови во овој новогодишен спектакл.
Голманот на Монтреал Мајк Кондон блескаше на овој меч, тој успеа да одбрани 24 од 25-те удари кои беа упатени кон неговиот гол. Белески беше стрелец на единствениот гол за Бостон, додека за Монтреал погодија Дешарне, Бајрон, Галагер, Пакиорти и повоторно Бајрон.
Монтреал со оваа победа се искачи на челната позиција во Атлантик дивизијата со 47 бодови, еден повеќе од Флорида и три повеќе од Бостон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка