-->
-->
Вимблдон: Квери денеска доби еден гем за победа над Цонга
-->
Американецот Сем Квери успеа да се пласира во осминафиналето на Вимблдон откако денеска доби само еден гем против Жо Вилфред Цонга. Тој во продолжението на синоќа прекинатиот меч (поради мрак) го доби потребниот гем на сервис на противникот и решавачкиот сет го доби со 7:5. Мечот вчера беше прекинат при резултат 2-2 во сетови (6:2; 3:6; 7:6 (7:5) и 1:6) и 6:5 во петтиот сет.
Квери во понеделник во осминафиналето ќе игра против Кевин Андерсон.
Од денеска завршените мечеви кај мажите Григор Димитров се пласира во следнат рунда откако Дуди Села го предаде мечот при водство на Димитров од 2-0 во сетови (6:1 и 6:1).
Кај жените завршија неколку мечеви финалистката од 2015 Гарбине Мугуруза со 2-0 во сетови ја победи Сорана Кирстеа. Коко Вандервеге беше подобра од Алисон Риске (6:2 и 6:4). Светлана Кузнецова ја победи Полона Херцог (6:4 и 6:0), Петра Мартиќ триумфираше над Зарина Дијас со 7:6 (8:6) и 6:1, а Магдалена Рибарикова ја победи Лесиа Цуренко со 6:2 и 6:1.
Другите мечеви ќе се играат попладнево и вечерва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини