Тенис
7. July 2015 - 15:22

Вимблдон: Ѓоковиќ во четвртфиналето





Најдобриот тенисер на светот и актуелен шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ како последен успеа да се пласира во четвртфиналето на годинашниов Вимблдон. Во предолжението на осминафиналето денеска против Кевин Андерсон славеше во решавачкиот сет со 7:5 во гемови. Ѓоковиќ така успеа во овој меч од 0-2 да се врати и да победи. Првите два сета Андерсон ги доби со 7:6, а потоа Ѓоковиќ изедначи со двата сета 6:1 и 6:4 и поради темница овој меч вчера беше прекинат.

Денеска во 11.гем Ѓоковиќ по двете двојни сервис грешки на Андерсон успеа да направи брејк за победа. Мечот траеше 3:47 часа.
Утре во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Марин Чилиќ.