Loading Video...
Фудбал
2. January 2021 - 16:20

Вилјареал го победи Леванте на Енес Барди

Во воведниот натпревар од 17,коло на шпанската Примера, екипата на Вилјареал го победи Леванте со 2-1. 
 
Домаќините поведоа во 19-тата со голот на Нино. До вториот гол чекаа се до 54-тата минута кога Морено се запиша во листата на стрелците. 
 
Серхио Ленон во 73-тата минута го постигна погодокот за гостинскиот тим, во чии редови го немаше македонскиот репрезентативец Барди кој се опорави од повредата
 
Со новите три бодови и вкупно 29, Вилјареал е на делба на третото и четвртото место во Реал Сосиедад,а зад двата мадридски клуба, лидерот Атлетико кој има 35 и Реал кој има 33 бодови но и два натпревари повеќе од градскиот ривал.