Спорт плус
27. November 2015 - 12:33

Викендов се игра традиционалниот турнир „Алкалоид 2015“

Традиционалниот отворен шаховски турнир „ Алкалоид 2015“ ќе стартува в недела во х. Континентал во Скопје   во 10,00 часот до 19,30 часот и ќе се игра во забрзано  (рапид) темпо. Истиот  ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ.
ШК Алкалоид традиционално организира и турнир за новинари  по забрзано темпо а истиот ќе стартува во 14.30ч.