Викендов променливо облачно време со повремен локален дожд
Слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец ќе дува утре во текот на денот, а облачноста ќе се зголемува. Заради продор на студена воздушна маса од север, во сабота ќе има позначителна промена на времето.
Од УХМР информираат дека задутре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.
Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи.
Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Од понеделник дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател