Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје
- Поради одржување на јавен собир во текот на претстојниот викенд во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.
Како што информира МВР, во сабота од 13,30 часот на потегот од улицата „Кирил и Методиј“ пред канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците “11-ти Октомври“, “Даме Груев“ како и други споредни улици .
Во недела, во времето од 12,30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата “Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот „Свети Климент Охридски“. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите „Партизански Одреди“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Борис Трајковски“.
Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор