Викендов над 100.000 патници оствариле влез и излез од ГП Табановце
Изминатиот викенд на граничниот премин Табановце во државата влегле и излегле над 102.000 патници, соопштија денеска од МВР. Летниот период е зголемена фреквенцијата на и онака најфреквентниот премин во државата.
- На 17-ти август (сабота) влез /излез оствариле 57.579 патници, а возила околу 15-20.000, додека на 18-ти (недела) влез/излез оствариле 44.721 патник, а возила околу 14.000, без да се земат предвид товарни моторни возила Денеска, од полноќ до 09.00 часот влез оствариле 1.953, а излез оствариле 1.947 патници или вкупно 3.900 патници, информираат од МВР.
За време на работните денови граничниот премин го минуваат околу 6.500 до 7.000 возила, додека за викенд бројот се зголемува.
-Во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел овозможување на побрз проток на патници со запазување на целокупните безбедносни проверки, додаваат од полицијата.
Ново на Сител
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години
-
Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари,мерките даваат резултати