-->
-->
Викендов „ИКАС 2016“ на СРЦ Матка
-->
На патеката „Матка“ крај Скопје претстојниот викенд ќе се одржи традиционалната спортска манифестација Илинденски кајак слалом – ИКАС. Годинава покрај натпреварите во слалом, првпат ќе има и трки во кајак спуст, кои ќе се бодуваат во рамки на Европскиот куп.
- Република Македонија и градот Скопје викендот ќе бидат во центарот на кајак спортот. ИКАС од година во година го подигнува своето реноме и станува се привлечен за се поголем број европски кајакари. Во таа насока АМС дава финансиска и логистичка поддршка на манифестацијата. Да се организара ваков настан е огромна чест, но и обврска и поради тоа ќе сториме се да помине во најдобар ред. Од својот буџет годинава АМС издвои 600 илјади денари. Кајакот две децении во континуитет ни носи олимписки настапи и учества на големите натпреварувања, изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.
Организаторот, Кајакарската федерација на Македонија очекува околу 150 натпреварувачи од 14 држави. Од Mакедонија ќе настапат 30-ина кајакари во двете дисциплини.
- Спустот ќе се бодува за европската ранг листа. Покрај на Матка ќе има уште две такви трки. Чест е да бидеме промотери на Европскиот куп, а сето тоа е во насока на добивањето на Европското првенство во кајак спуст за сениори следната година, информира спортскиот директор на федерацијата, Атанас Николовски.
Свеченото отворање на ИКАС 2016 е в петок во Музејот на македонската борба со почеток од 19 часот за кога покрај претставувањето на учесниците е предвиден и балетски перформанс и доделување на признанија за поранешни истакнати македонски кајакари.
Во сабота на програмата се квалификациските трки, а за в недела се закажани финалните трки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари