„Виенски бал“ во Скопје
Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во Македонија вечер ќе се одржи традиционалниот 18. по ред „Виенскиот бал“ во Скопје.
Како што наведуваат организаторите, „Виенскиот бал“ во Скопје е традиционална културно-музичка манифестација, резултат и потврда за македонско-австриската сорботка на полето на културата и уметноста.
- Скопје е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој Виенски бал, кој е и најуспешен во регионот со оглед на континуитетот на одржување, квалитетот на организацијата и програмата, кои придонесуваат за огромен интерес за оваа уникатна манифестација, се наведува за манифетсацијата.
Оркестарот „Јохан Штраус“ годинава ќе музицира под диригенство на маестро Емин Џијан. Танчери на танцовиот клуб „Прима Данца“ ќе ја забавуваат публиката со атрактивни танцови точки.
Посетителите ќе танцуваат на познатите поп-хитови и евергрини во изведба на Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, „Свингерси бенд“ и „Џез Биг Бенд – ЗЏМ“.
Балот во Скопје, традиционално има хуманитарен карактер. Годинава, дел од средствата ќе бидат донирани на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.
Ново на Сител
-
Финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите
-
Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно
-
УНИЦЕФ: Најмалку 200 деца се убиени во Газа oткако Израел ја обнови војната оваа недела
-
Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро