Свет
23. јуни 2021 - 9:04

Виена планира вакцина-парти за младите

Со музика и празнична атмосфера градските власти во Виена сакаат да ги охрабрат младите да се вакцинираат против Ковид-19, јави ДПА.

– Една или повеќе забави за вакцинација ќе бидат организирани во главниот град на Австрија на почетокот на јули, изјави портпаролот на градската влада.

Од вчера и децата и тинејџерите на возраст од 12 до 17 години можат да се пријават на вакцинација. Интересот беше толку голем што беа резервирани 10.000 дози за два часа, јавија локалните медиуми. Пријавувањето за млади на возраст од 18 до 30 години започнува денеска.

Во Виена, 27 проценти од населението веќе поминало целосен циклус на вакцинација.