Свет
23. November 2020 - 9:17

Видео сторија: Пандемијата ги остави црните такси возила на Лондон да лежат на такси „гробишта“

Во екот на заклучување поради Ковид во Лондон има гробишта на црни такси возила. На едно од нив се паркирани повеќе од 150 такси возила на Лондон.

Многу возачи не се во можност да продолжат да плаќаат за своите возила и затоа ги враќаат на плацеви.

– Во моментов не можам да ви кажам дека сме сигурни дека ќе го пребродиме ова. Ова е борба, и од ден во ден не знаеме што ќе се случи. Има огромно влијание врз работата, и да бидам искрен, висиме на конец, како и многу други бизниси. Но има и многу други бизниси кои мораа целосно да затворат, вели Тони Џорџио косопстевник на компанија за такси услуги.