Фудбал
5. December 2017 - 9:00

(ВИДЕО) Пандев погоди за важен триумф на Џенова

 
 Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна единствениот погодок на синоќешниот дуел во Верона со кој неговиот клуб Џенова забележа важен триумф во борбата за опстанок во Серија А.
 
За Македонецот ова беше прв гол оваа сезона во Италијанското фудбалско првенство.
 
Пандев реализира во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, а беше заменат во 64. минута.
 
Џенова со новите три бода по 15. рунди во Серија А има 13 бодови и е на 15. место, додека Верона остана на претпоследното (19. место) со девет бода