ВИДЕО: Огнено торнадо, евакуирани илјадници луѓе
Пожарите кои беснеат во калифорнискиот округ Шаста, во комбинација со силен ветер формираа „огнени торнада“.
Тие откорнуваат дрва и превртуваат автомобили, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на претставник од локалната противпожарна служба.
-Гледаме огнени вртлоци – нешто што буквално може да се опише како торнадо, изјавил директорот на калифорниското Одделение за шумарство и заштита од пожари, Кен Пимлот.
Околу 37.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради шумските пожари кои беснеат во северна Калифорнија, во кои досега загинаа двајца пожарникари.
Во пожарите уништени се најмалку 500 објекти, а загрозени се илјадници куќи, јавува Би-Би-Си.
На теренот има повеќе од 3400 пожарникари, но од локалната служба предупредуваат дека во наредниот период ќе преовледува суво и топло време, што би можело да ја влоши ситуацијата.
Локалните медиуми јавуваат дедка три лица се водат за исчезнати.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор