-->
-->
(ВИДЕО) Мајк Тајсон приведен на аеродромот во Чиле
-->
На поранешкиот светски првак во бокс Мајк Тајсон, чилеанските власти му забранија влез во земјата, па тој со првиот авион ќе биде вратен во САД. Чилеанската полиција соопшти дека Тајснон не ги исполнува условите за влез во земјата поради неговите кривични дела.
Истажната служба на чилеанската полиција (ПДИ), пандан на американскиот ФБИ, има право да забрани влез во Чиле на странците кои во своите земји биле под истрага за било каков случај или пак биле осудувани. „Тоа е причината поради која на Тајсон, кој е повеќепати осудуман, му е забранет влез во Чиле“, изјави за тамошните медиуми, Анаталија Алвадаро претставничката за ПДИ.
Легендарниот боксер кој имаше бројни проблеми со законот, требаше во Чиле да учествува во промотивни активност за една телевизиска станица.
Поранешниот светски шампион, отслужи три годишна затворска казна поради, откако во 1992 година беше осуден за силување на малолетничка. Тајсон исто така беше осудуван и за физички напад како и за поседување на кокаин.
Ова не е прв пат на Мајк Тајсон да му биде забранет влез во некоја земја. Тоа во 2013 година го направи и Велика Британија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса
-
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен
-
Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
-
Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
-
Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари
-
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје – „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење
-
Блокади во голем број градови во Србија, полицијата се обиде да влезе на Правниот факултет