-->
-->
(ВИДЕО) Луковиќ со забивање му донесе победа на Партизан против Задар
-->
Кошаркарите на Партизан забележаа минимална победа во дуелот против Задар со 87-76 по четрвртини 23:20, 24:24, 18:17 и 22:25, во последниот натпревар од 23.коло на регионалната АБА лига.
Во неизвесна завршница на средбата одиграна во Белград, некогашниот играч на Куманово и МЗТ Скопје Аеродром, Урош Луковиќ со атрактивно забивање на 5.секунди пред крајот на средбата му ја донесе на Партизан 17-победа сезонава. Гостите од Задар имаа и можност за победа, но шутот на Ковачич за „три„ со свукот на сирената беше непрецизен.
Овој пораз на Задар им оди во прилог на македонските преставници во регионалното натпреварување МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, во борбата за опстанок во лигата.
Инаку, синоќа беше одигран и првиот меч од 23.коло и тоа во Загреб, каде Карпош Соколи загуби од Цедевита со 81-77.
Денеска на програмата се две средби, Крка – Морнар и Будуќност – ФМП, додека утре ќе играат Мега Лекс – Партизан.
Оваа рунда ќе се игра се до среда за кога е закажан мечот Задар – Цибона, додека во понеделник покрај средбата МЗТ Скопје Аеродром – Игокеа ќе играат и Црвена Ѕвезда - Унион Олимпија.
Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Партизан 17-6, Будуќност 16-7, Цибона 12-11, Игокеа 11-12, ФМП 10-13, Олимпија 10-13, Карпош Соколи 9-15, Мега Лекс 9-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Морнар 7-16, Крка 7-16 и Задар 7-16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?