ВИДЕО кое стана хит на ТикТок: Балканец пече прасе на балкон во Германија
На Тик-Ток профилот на Кимба Јуниор се појави видео во кое Балканец наводно пече прасе на ражен на балкон во Германија.
Како што се наведува на снимката, на балконот биле поставени две електрични скари, ражен и чадор, за љубопитните соседи да не можат да видат што се случува, а ѕидот од балконот го заштитиле со алуминиумска фолија.
Во позадина се слуша стара народна песна „Ти си жена мог живота“, а според таговите, снимката настанала некогаш во време на Божиќ.
„Парола снајди се“, напишал авторот на видеото во коментари, а истото насмеало многумина.
„Ја сврте играта“, „Ете што измислува Балканецот кога му е досадно. Само 'галамат' на нас, а погледни го ова. Перфектно“, „Секоја чест, изгледа подобро отколку на оган“, „Кој крал“, се дел од коментарите под видеото кое досега собрало повеќе од 140.000 прегледи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа