-->
-->
(ВИДЕО) Франција европски шампион за фудбалери до 19 години
-->
Репрезентацијата на Франција е победник на Европското фудбалско првенство за играчи до 19 години што се одржа во Германија.
Во финалето на шампионатот кое се одигра синоќа на „Рајн-Некар Арена’’ во Синсхајм, младите француски фудбалери ги совладаа врсниците од Италија убедливо со 4-0.
За Франција ова е вкупно осма шампионска титула европски првак за оваа годишна возрас на фудбалери, откако „триколорите“ претходно беа најдобри на првенствата 1949, 1983, 1996, 1997, 2000, 2005, 2010-година.
Италија остана на три шампионски трофеи и тоа од 1958, 1966 и 2003-година.
Покрај овие две селекции пласман на Светското првенство за за фудбалери до 20 години кое ќе се одржи следната година, изборија и полуфиналистите Англија и Португалија, како и пето пласираната репрезентација на ова ЕП, Германија
Головите може да ги видите ОВДЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собраниска седница за Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница
-
Голем пожар во Визбегово – Населението се евакуира, приведенo едно лице
-
Преглед на вестите од светот
-
Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пред пратениците
-
Стартува изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско