-->
-->
(ВИДЕО) Американецот Џош Скот ново засилување за МЗТ Скопје
-->
Доскорешниот играч на Колорадо универзитетот од американската НЦАА-лига, Џош Скот е најновото (трето) засилување за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, пред напорната сезона во која шампионот го очекуваат исклучително тешки пресметки, пред сѐ во Еврокупот и во АБА-лигата.
Американецот (23 год, 208 см) игра на позицијата „четири“ и зад него се повеќе од 1.700 поени, 900 скока и сто блокади за време на четиригодишниот престој во колеџот од Денвер. З
а Скот, настапот во дресот на „металците“ ќе биде дебитантски на европската кошаркарска сцена, откако претходно има играно само уште за „Луис-Палмер“ средното училиште. Крилниот центар, во последната средношколска сезона, имал просек од 28,5 поени, 11 скока и 2,5 блокади и низа од 27 победи со својот тим.
Од него се очекува да донесе предност во скок-играта, да биде столб на одбраната како и константна опасност по противничкиот кош.
Скот е третото официјално засилување за МЗТ Скопје Аеродром летово, откако претходно потпис на договорот со сино-белите ставија Холанѓанецот Шарлон Клоф и повратникот Ѓорѓе Дреновац.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит