Кошарка
14. April 2016 - 8:09

(ВИДЕО) 60-поени на Коби Брајант го засенија рекордот на Голден Стејт

Новиот рекорд на шампионот Голде Стеј од 73 победи и само 9 порази во регуларниоит дел од сезоната во НБА лигата мина во сенка на збогувањето на една од најголемите светски кошаркарски легенди на сите времиња Коби Брајан. 

 
Не само поради фактот дека популарната „Црна Мамба“ го 20 сезони минато во дрестот на ЛА Лејкерс синоќа против Јута го одигра последниот меч во кариерата, туку пред се порадни начинот на кој Коби се збогува од публиката во „Степлс центарот“. 
 
Коби ги предводеше Лејкерси до побрдата од 101:96 со 17 од последните 19 поени кои ги постигнаа „Езерџиите“ во завршните две минути за комплетен пресврт и триумф. 
 
За ѕввезденото збогување од кошарката да биде во стилот на холивудските филмови, Коби се погрижи средбата да ја заврши во фантастични 60 постигнати поени, што е трет и последен ваков негов учиног во фантастичната кариера.