Вицепремиерот Османи ќе ги предводи студентите во посета на Брисел
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е во работна посета на Брисел, денеска ќе ги пречека 12-те студенти од шесте државни универзитети, кои изутрина ја почнуваат својата тридневна студиска посета на европската престолнина Брисел, заедно со делегацијата на Секретаријатот за европски прашања.
Османи, заедно со амбасадорката Агнеза Руси, ќе ги воведат студентите во работата на Мисијата на Република Северна Македонија во Брисел, кои на ова едукативно патување тргнаа откако нивните есеи беа избрани како најдобри на конкурсот на Секретаријатот насловен „Со европско знаење до европската престолнина“.
Во рамките на посетата, студентите ќе ги посетат Европскиот парламент, Советот на Европската Унија, Домот на европската историја, Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Европска служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), Генералниот Директорат за образование и култура и Постојаната мисија на РСМ при ЕУ, при што ќе имаат средби со Дејвид Кулен – раководител на Одделението за Република Северна Македонија и Косово при ДГ НЕАР, со Сесил Абадие од ЕЕАС задолжен за Република Северна Македонија и координаторот на објаснувачките состаноци за преставување на европското законодавство за земјава, Марк Јорна.
Покрај презентациите за функционирањето на овие институции, студентите одблизу ќе се запознаат и со можностите што ги нуди европската програма за едукација и обука „Еразмус плус“.
Целта на проектот „Со европско знаење до европската престолнина“ е да се доближат процесите, атмосферата и активностите врзани за европските интеграции и работа на СЕП во Брисел до потенцијалите на земјата – студентите, кои во иднина треба да го преземат на себе процесот на европска трансформација на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија