Бизнис
17. January 2020 - 16:43

Вицепремиерката Царовска верува дека минималната плата може да достигне 16.000 денари

Ќе достигне ли минималната плата 16 илјади денари како што ветуваше СДСМ пред да ја преземе  власта? Според вицепремиероската Царовска овој износ може да се постигне до крајот на мандатот, но сеуште не е разговарано со бизнис секторот. Очекува  преку мерката субвенционирање на  придонесите  работодавачите сами да ги зголемат платите.

Надлежните се задоволни со тоа што многу од работодавачите побарале млади да се обучуваат за одреден занает. Сепак признаваат дека немаат механизам  да ги задржат овие лица  во земјава откако ќе завршат со обуката.

Од ВМРО – ДПМНЕ пак обивнуваат дека платите не се покачени затоа што економијата тоне, а младите си заминуваат  поради  лагите и корупцијата.

Повисоката минимална плата стартуваше од декември лани, а месецов работодавачите на своите работници имаат обврска да им исплтата минималец од 14 500 денари.