Македонија
29. October 2019 - 12:53

Вежбовни активности на Армијата во гарнизоните и на одредени реони од северната и јужната граница

Армијата и потчинетите команди и единици од денеска, до 1 ноември, ќе изведуваат планирани вежбовни активности во гарнизоните и на одредени реони од северната и јужната граница, каде Армијата во изминатите неколку години извршува задачи за подршка на МВР во справување со мигрантската криза, информираат од Генералштабот на Армијата.

– Ваквите планирани вежбовни активности се изведуваат според годишниот План на Генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во обученоста и предвидените постапки и мерки за извршување на задачите, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата.

Во рамки на активностите, од ГШ на АРМ, информираат дека ќе има раздвижување на возила и персонал на Армијата од гарнизоните на единиците до наведените реони и обратно, за што навремено се известени сите релевантни државни институции.