Македонија
25. October 2020 - 16:37
Вевчани ќе гради туристички центар
Вевчани ќе добие современ туристички центар. Културното богатство кое го поседува општината ќе биде презентирано во музејот во рамките на објектот, а ќе бидат поставени и предмети кои го карактеризираат духот на Вевчани, етно поставка за Василица и познатиот карневал за збогатување на туристичките содржини.
Се обновуваат и старите вевчански куќи кои ја отсликуваат прекрасната градска архитектура и минатото на овој крај познат по богатата и долга традиција на печалбарство кои претствуваат вистинска атракција за туристите и уметниците.
Мултифункционалниот објект кој ќе придонесе за развој на туризмот е на површина од 1.400 квадратни метри каде ќе има конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, и други комерцијални содржини.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->