Ветеринарите оданочени како фризери, бараат пет, а не 18 отсто ДДВ за услугите и лековите
Ветеринарните лекари бараат намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за ветеринарните услуги и ветеринарно-медицинските препарати (лековите) од 18 на пет отсто.
Ова барање, велат, изминативе четири години неколкупати го доставувале до Министертвото за финансии, но позитивен исход се уште нема. Се жалат дека сега се оданочени како фризери и козметичари, наместо да бидат изедначени со дејностите здравство и земјоделство.
- Намалувањето на даночната стапка нема да има значајни фискални импликации врз државниот буџет за што имаме изготвено и специјална студија, а импутот би бил многу голем за развој на ветеринарната професија и за давањето поквалитетни ветеринарно-здравствени услуги, што, пак, ќе се рефлектира и врз сточарското производство и врз јавното здравје, вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора Томислав Николовски.
Според него, со намалувањето на данокот значително ќе се намали и внесот на нерегистрирани лекови кои се пуштаат во промет на нелегален начин.
- Се работи за политичка волја, за чувство за една цела дејност и за нејзиното општествено значење. Сега сме оданочени како фризери и козметичари. Во обраќањата до Министерството за финансии сме потенцирале дека многу европски земји со развиено сточарство имаат повластена даночна стапка за ветеринарните лекови, како Словенија и Полска, а најсвеж пример е Косово каде има нула проценти данок, односно потполно ослободување за ветеринарни услуги и лекови или целосно изедначување со здравствениот сектор, дополнува Николовски.
Тој објаснува дека во Македонија еден ист лек е оданочен со пет отсто ако е за хумана употреба, а со 18 проценти ако е за ветеринарна употреба. - Уште поочигледно е кај земјоделските прапарати. Данокот за инсектицид во земјоделството е пет отсто, а за инсектицид во ветеринарството 18 отсто што е тотална нелогичност, истакнва претседателот на Комората.
Ветеринарната е здравствена професија и претставува многу значајна алка во сточарското производство. - Ако сме некаде меѓу здравствниот и земјоделскиот сектор, а тие имаат повластени даночни стапки, тогаш и ние треба да бидеме така третирани, а не никако, како досега, потенцира Николовски.
Ветеринарната струка полага надеж во актуелниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кој, по многу години, е човек од фелата. - Очекуваме директорот на АХВ да вложи значителни напори за решавање на овој проблем. Оптимисти сме дека во догледно време ќе има резултат, подвлекува претседателот на Ветеринарната комора Томислав Николовски.
Ново на Сител
-
Трибина во врска со Оперативниот план 2025 „Визија за промена“
-
Станков: Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, затоа е важно користење на официјалните статистички податоци
-
Учениците полагаат државна матура, МОН и ДИЦ им посакаа успех и очекуваат да помине во најдобар ред
-
Узбуна во автомобилската индустрија, можно е да биде присилена да го запре производството
-
Протести во Бугарија против воведувањето на еврото
-
Интер и ПСЖ во жестока борба за трофејот од Лигата на шампионите
-
Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
-
Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига