Ветеринарите ќе поднесат дополнителни предлози до Владата за сузбивање на африканска чума кај свињите
Докторите по ветеринарна медицина преку Ветеринарната комора, во содејство со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), до Владата ќе поднесат дополнителни предлози за ангажман на ветеринарните друштва. Целта е да се сведе на минимум опасноста од болеста африканска чума кај свињите.
Како што информира Ветеринарната комора, денеска во Скопје во коорганизација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора се одржал работен состанок на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните друштва во државата и претставници на АХВ, меѓу кои голем број надлежни ветеринарни инспектори – епидемиолози. Ветеринарите, како што се наведува, ја поздравуваат решеноста на Владата за преземање ригорозни мерки за заштита од африканска чума кај свињите и даваат дополнителни предлози.
– Докторите по ветеринарна медицина сметаат дека отсуствува финансиска стимулација и програма за конкретни активности кои треба да ги извршуваат приватните ветеринарни друштва вклучени во активностите од јавен интерес, а кои се клучни во спроведувањето на превентивните активности. Во прв ред најзначајно е спроведување на сеопфатна активност со цел регистрација, идентификација и попис на сите свињи на територијата на државата. Во услови на непосредна закана од избивање на сериозна епидемија значајна е непосредната едукацијата на фармерите од страна на докторите по ветеринарна медицина, како и објективната проценка на статусот на одгледувалиштата на свињи од аспект на примената на биосигурносните мерки, врз чија основа ќе се носи решение за колење на свињите, се вели во соопштението.
Учесниците на координативниот состанок, како што се наведува, потенцираа дека превентивата секогаш е поевтината опција од преземање мерки за сузбивање на болестите и дека како и секогаш во вакви околности ќе ги вложат сите сили за заштита на здравјето на животните, но истовремено со полно право, врз основа на општествената улога очекуваат и инсистираат на респект и валоризација од страна на државата .
На состанокот бил разгледуван и оперативниот план изготвен од АХВ за преземање превентивни мерки, во прв ред постапките за депопулација на домашните свињи во одгледувалишта, во кои не се применуваат биосигурносни мерки. Владата во меѓувреме донесе одлука да ја стимулира оваа мерка преку обесштетување на одгледувачите на свињи плаќајки ја разликата меѓу кланичната цена и комерцијалната цена на грлото, дополнително субвенционирана со по 3000 денари од грло, без разлика на тежината на животното. Докторите по ветеринарна медицина позитивно ја оцениле оваа стимулативна мерка.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство