Живот
25. December 2015 - 17:45

Ветер собори хеликоптер, туристка го сними инцидентот со мобилен

Во страшната несреќа на Фиџи, хеликоптерот беше целосно уништен, но за среќа нема жртви. Туристите на Treasure Island на Фиџи биле сведоци на страшна сцена гледајќи ја несреќата на хеликоптерот во кој имало седум луѓе меѓу кои и две девојчиња.

Инцидентот во кој ветерот буквално како играчка го превртува хеликоптерот го снимила Јанг Јанг од Кина, која била на само неколку метри од леталото.

За среќа, иако хеликоптерот е целосно уништен, шесте туристи и пилотот не настрадале, а голема среќа имале и сите кои биле во непосредна близина.