Веста за смртта на Есма баш ме тресна - еве по што ќе ја памети кралицата на ромската музика
Тијана Тапчевиќ пред јавноста проговори за смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова во српските медиуми.
-Есма и јас имавме најпрекрасно пријателство. Веста за нејзината смрт баш ме тресна. Многу ми е жал. Македонија многу загуби со нејзиното заминување. Можеше да поживее уште доста години. Баш рано замина", рекла Тијана за смртта Есма
Еве по што најмногу ќе ја памети Есма
- "Ќе ја паметам по тоа дека ме научи на техниката на дишење при пеење. Можам да кажам дека таа беше еден од моите музички учители. Никогаш не сме пееле во дует, но многупати сме имале можност да настапуваме заедно. Сме работеле и заеднички турнеи низ Македонија. Имаше душа како Русија. Навистина беше прекрасна. Секогаш на сите сакаше да им помогне, да излезе во пресрет, да каже убав збор", со тага во гласот додала Тијана.
Ново на Сител
-
Наутро студено, во текот на денот сончево
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале