Весникот „Илинден” го одбележа седмиот роденден
Весникот „Илинден“, единствениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, денеска одбележува седум години од објавувањето на првиот број.
Во изминатиов период, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија, но и меѓу македонската дијаспора во светот.
-Во изминатите седум годишен период, весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национално малцинство во Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава, изјави Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.
Тој од име на редакцијата искажa посебна благодарност до читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Албанија.
– Нашата мисија е да го одржуваме и да го поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, што преку културниот израз целосно се остварува. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции, како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците секаде во светот. Им се заблагодаруваме на сите соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и на визуелната содржина на весникот, вели Ѓурѓај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица