Македонија
28. December 2015 - 12:56

Вештите жени донираа ДВД плеер за децата со посебни потреби во Кавадарци

Вештите жени од Кавадарци денеска им донираа ДВД плеер и други подароци на учениците со посебни потреби од специјалната паралелка при кавадаречкото основно општинско училиште „Страшо Пинџур”.

- При крајот на ноември месец организиравме настан насловен „Етно вешта жена”, на кој изработивме бројни специјалитети од нашето поднебје. Манифестацијата имаше продажен карактер, па парите што ги обезбедивме со продажбата на специјалитетите, ги наменивме за донација за децата со хендикеп. Им купивме ДВД плеер и други помали подароци, појасни Љубица Минова.

За учениците со посебни потреби, вештите жени денеска подготвија и предновогодишна забава со торта и други благи и солени работи.