Весељи: Косовската војска ќе биде наскоро формирана
Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи денеска изнесе тврдење дека косовската војска ќе биде наскоро формирана. Тој оценува дека е важно да се инвестира во вооружените сили и тоа во соработка со меѓународната заедница, јавија приштинските медиуми.
- Процесот на одлучување во Собранието за трансформација не е толку важен колку што е важно инвестирањето во вооружените сили, со цел да се снабдат со потребното оружје, а тоа е можно само со соработка со меѓународната заедница, истакна Весељи, пренесува Танјуг.
Претседателот на косовското собрание наведе дека косовските власти ќе ги преземат сите институционални акции во партнерството.
- За тоа зборував и во Пентагон, косовската војска е реалност што набрзо ќе биде реализирана, нагласи Весељи.
Тој даде коментар и за пограничната демаркација со Црна Гора и Заедницата на српските општини, потенцирајќи дека тоа се „многу важни процеси“ за Косово.
Весељи исто така го поздрави отстранувањето на ѕидот во северна Митровица, порачувајќи до сите граѓани дека повеќе нема да има ѕидови во Косово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација