Македонија
10. October 2019 - 16:50

Верушевски го обвини Груевски дека е нарачател на прислушувањето, не откри кој ги модифицирал бомбите

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски дообјасни каква промена претрпеле бомбите.. Вели дека првата модификација следела по неговото апсење во 2015-та, а ја направил екс премиерот кој објавил дека опозицијата преку монтирани разговори подготвува државен удар..

Верушевски на претходното сведочење за случајот Таргет-Тврдина изјави дека снимените телефонски разговори претрпеле страотни модификации и компромитирање.. По ова премиерот Заев објасни дека Верушевски кој сега е негов советник за национална безбедност дополнително ќе појасни на што мислел екс разузнавачот.. Тој денеска во судницата рече дека за прислушувањето треба да одговара и екс премиерот Никола Груевски..

-СЈО во овој предмет направи круцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштинта на оваа документација е дека е креирана од тоа што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да за задржи власта по секоја цена, изјави Верушевски..

Тој додаде дека поранешниот премиер има многу повеќе материјали од оние кои ги поседува СЈО.. Смета дека и разузнавачите Грујевски и Бошковски ги снимените разговори.. Верушевски не одговори дали бомбите биле изнесувани од партиското седиште на СДСМ.. Најави дека на прес конференција ќе открие повеќе детали..

За незаконското следење на комуникациите, обвинети се поранешниот директор на УБК, неколкумина вработени во упшравата, екс министерката за внатрешни.. 

На следното судење за Таргет-Тврдина ќе сведочи премиерто Зоран Заев.